За нас
Приказната за компанијата РУДИНЕ ММ започнува во 1989 година, како
дистрибутивен центар, воспоставувајќи кооперативни односи со европските брендови, нивен увоз и формирање мрежа
за испорака на нови прехранбени производи кои не можеа да се најдат во Македонија.
Во првата деценија РУДИНЕ ММ се докажа како продукт лидер на Македонскиот пазар и стана синоним
за квалитет и успех. Како што се развиваше во бизнис секторот, така се зголемуваа и деловните активности.
Во 2006 година РУДИНЕ ММ започнува со ангажирање во агробизнисот.
Во 2008 година отвори млекара. Во 2009 година, млекарата ја пушти во продажба првата македонска гауда - BELLA DONA, по холандски
оригинален рецепт во 5 различни вкусови: класичен, пипер, билен, бибер и пастарела. Во млекарата се произведуваат 8
видови на сирење и кашкавал, од кравјо, овчо и козјо млеко. Производите се продаваат на домашниот и регионалниот пазар, а се произведуваат
и приватни марки за извоз.
Во 2010 година, фокусот на РУДИНЕ ММ беше насочен кон обнова на производствениот капацитет за IQF овошје
и зеленчук во производствениот капацитет, лоциран во Делчево. Инвестирањето во модернизирање на процесот на преработка на овошје
и зеленчук сè уште трае.
Во 2013 година РУДИНЕ ММ отвори краварска фарма, со цел млекарата да се снабдува со млеко од сопствено
производство.
Денес РУДИНЕ ММ е успешна компанија, целосно насочена кон исполнување на
својата визија и постигнување на постоечките и на ново поставените цели,
следејќи ги новитетите на современото живеење.